
Потребни намирници:
Кутија пишкоти
200 мл сварено кафе
4-5 лажици рум
50 гр шеќер
200 гр маскарпоне
200 гр павлака
1 пакетче ванилин шеќер
Чоколада во прав
Во кафето откако ќе се олади на собна температура додаваме рум и шеќер и мешаме. Ја исипуваме смесата во пишкотите и оставаме да ја упијат течноста. Посебно го матиме маскарпонето и павлаката заедно со ¼ чаша шеќер и ванилата. Сега го покриваме дното на тесен висок сад со пишкоти и мачкаме од горе со кремот од павлака. Продолжуваме да редиме по истиот принцип додека не се потрошат двете смеси.
Поросуваме со чоколадо во прав. Покриваме со фолија пред да го ставиме десертот во фрижидер добро да се олади.