Стефан Вилкерсон станувал се понервозен чекајќи девојчето со специјални потреби да излезе од школскиот автобус. Тензијата ескалирала и тој на мошне суров начин го исшутирал девојчето (8) надвор од автобусот. Од силниот удар таа летнала по скалите и паднала на земја.
Потпаролот на училиштето Хилсбороу во Флорида, изјавил дека против шоферот е подигнато обвинение и дека е веднаш суспендиран од должност.