Потребни состојки:
За пире:
- 800гр бел компир
- 40гр путер
- 50мл млеко
- сол
За фил:
- 500гр мелено говедско месо
- 2 главици кромид
- лажичка исецкан магдонос
- сол
- бибер
- 100гр кашкавал
Начин на подготовка:
Исчистете го компирот, исечете го на коцки и варете десет минути во врела вода. Потоа исцедете го од вишокот течности, посолете и изматете со путер и млеко. За фил пропржете го исецканиот кромид, додадете мелено месо и зачини, па продолжете да пржите со мешање. На крајот додадете исецкан магдонос. Во подмачкан огноотпорен сад ставете половина од подготвеното пире од компири, одозгора ставете фил од месо, и на крајот останатиот дел од пирето од компир. Печете десетина минути на 180 – 200 степени. На топлата мусака посипете рендан кашкавал.