На гости во Лазарат! Најпознатото марихуана село во светот!

popara18 октомври, 201318min00
4

Во Лазарат, меѓу планините на јужна Албанија, полињата посеани со марихуана се насекаде. Речиси сите 6000 жители живеат од произвотството на ова растение. Велат, законите не важат во Лазарат, а полицијата овде не доаѓа. Оние кои се обиделе да влезат биле дочекани со рафали од огнено оружје, а некои никогаш не се вратиле.

Екипата на “Дојче веле“ била на гости кај семејството Душку кои со овој бизнис се занимаваат веќе десет години. “Тоа е тешка, макотрпна работа, од март до декември“, вели Замира Душку, која е надзорник на група.

“Најпрво садиме и копаме. Потоа секој втор ден билките се наводнуваат. Ни жетвата не е ништо полесна. Се правиме сами“, вели Замира. За заработувачката не сака да зборува, но нејзините работнички велат дека добиваат 6 пати повеќе пари од обична работа.

Се верува дека се работи за копмплексна мрежа каде учествуваат политичари и нарко кланови од западна Европа. Пресметано е дека во Лазарат годишно се произведуваат 900 тони марихуана.

Пазарната вредност на дрогата е 4,5 милиарди евра.

Замира Душку отворено вели: “Ако владата сакаше да го укине производството, одамна ќе го стореше тоа. Но државата има свои интереси и сама заработува пари од оваа дрога!“

Printskrin: dw.de

Printskrin: dw.de

Printskrin: dw.de

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma