
Реалното шоу на кланот Кардашијан во моментов ја емитува својата осма сезона, но изгледа дека на луѓето им е веќе преку глава и дека се заситиле од славното семејство. Во моментов секој оди по својот пат – Ким сега има семејство, а Крис сака да се посвети на својот нов проект.
Тоа беше најголемото реално шоу на сите времиња. Но и Ким и Крис сакаат да се стави крај додека шоуто е сеуште популарно, а не да бидат принудени да го укинат поради нискиот рејтинг. Би им било мило гледачите да бараат уште отколку да гледаат како шоуто полека умира.
Од друга страна пак се вели дека семејството толку многу профитирало од емитувањето на шоуто што повеќе ништо не треба да работат до крајот на својот живот, па токму затоа сакаат да се одморат од камерите и да уживаат во парите.