Се вели дека Наташа Беквалац и Александар Коларов ги поврзува обострана симпатија. Пејачката и српскиот репрезентативец се запознаа пред 2 месеци, а последниот месец интензивно се дружат. Поп ѕвездата и играчот на Манчестер се запознале преку заеднички пријатели.
„Коларов и Наташа случајно се затекнаа во исто друштво. Спонтано стапија во комуникација и ја поминаа цела вечер во разговор. Веднаш се забележа дека таа не може да одолее на неговиот шарм…“, раскажува изворот.
Коларов е оженет со Весна која минатата година го роди нивното второ дете. И покрај брачниот статус тој важи за голем заводник, на чиј шарм падна и манекенката Кристина Мијачевиќ. Сега и Ната му фрли око. А Владо? Веројатно тој испаѓа од игра…