
Ова е дефинитивно најделотворната маска која ќе го спречи опаѓањето на косата, а воедно и ќе го поттикне нејзиниот раст. Се подготвува од природни состојки, а за да ги почувствувате ефектите потребно е да ја нанесувате на вашата коса барем еднаш неделно.
Потребно ви е:
– сок од три домати
– една жолчка
– една лажица мед
– малку вода
Убаво измешајте ги состојките и нанесете ја маската на полусува коса. Оставете нека делува половина час, а потоа измијте ја косата повторно.