
Погледнете ги последните тенденции за сезоната, каде повторно фризурите со шишки се многу популарни. Независно дали имате кратка, средна или долга коса, шишките изгледаат одлично во комбинација со различните стилови, како и форма на лице.
Изборот на вистинските шишки ќе ги истакне очите, јаболкниците, или пак ќе ги прикрие ситните брчки по челото.
Последните модни тенденции лансираат различни стилови, од нежни шишки на страна, до рамни и густи кои го привлекуваат акцентот на фризурата врз себе.














