Преживеал пад со авион, си ги одгризал сам прстите и си ископал око, се борел во двете Светски војни, бил застрелан во сите делови од телото и на крај умрел од старост.
Само една од горе наведените причини би го усмртила просечниот човек или во најмала рака би оставила трајни последици, но господинот Адриан Пол Картон де Верт го преживеал сето тоа за само еден животен век.
Човекот бил застрелан во лице, во глава, во стомак, зглоб, нога, колк и уво за време на војните. Во една прилика лекарот не можел да му ги ампутира прстите, па Картон сам си ги одгризал со заби.
Иако легендата вели дека сам си го ископал окото бидејќи му пречело за нишанање, на Википедија не можеме да најдеме информација што го потврдува тоа. Но сепак се знае дека стакленото око го фрлил среде улица бидејќи му одело на живци.
Војната, според неговите зборови за него била забавна авантура и не можел да ги разбере луѓето кои живееле во мир и го пропуштиле тоа.
Овој неверојатен ентузијалист умрел од старост 1963 во својата 83 година, а неодамна е прогласен за најинтересниот човек на Википедија, а навистина е тешко да не се согласиме со тоа.