Најлесниот бабин колач од јаболка

popara13 ноември, 201318min00
8

Состојки:

3 јајца

12 лажици шеќер

12 лажици масло за јадење

12 лажици млеко

15 лажици брашно

1 пакетче прашок за пециво

½ килограм јаболка

Шеќер во прав

Цимет

Подготовка:

Направете смеса од јајца, шеќер, брашно, масло, млеко и прашок за пециво. Јаболката се рендаат и се додава цимет.

Половина од смесата се става во калап за печење и се пече 15 минути на 180 степени.

После тоа кората се вади од рерна, се додаваат врз неа ренданите јаболка, а врз слојот со јаболка се додава вториот дел од смесата за кора и се враќа колачот во рерна каде се пече уште десетина минути.

Печениот и изладениот колач се поросува со шеќер во прав.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag