
Ако мислевте дека само бајките имаат совршено симетрични градини во кои природата успеала да биде и волшебник и архитект, Ви претставуваме и место на планетата Земја, кое со гордост тоа ќе Ви го прикаже…
Оваа цветна оаза, имаше идеја да стане најшарениот парк во светот. Во тоа и успеа, сместувајќи се во Гинисовите рекорди.
Милијарди цвеќиња во сите бои, правилно искомбинирани, во оваа градина создаваат ремек дела, кои со заслуга ова место го прават еден сосема поинаков, паралелен Универзиум, кој вреди да се посети.
Градината зафаќа повшина од 22.000 хектари, а волшебните фигури во неа се изработени од 25 видови цвеќиња од САД, Јапонија, Италија и Германија. Во внатрешноста се наоѓа и водопад и преубав мал театар.
Ќе бидете добредојдени, а ќе излезете најзадоволни од најубавата градина во Ал Аин, Соединетите Арапски Емирати !
Задоволството нека започне со следнава галерија…













