Највисокиот објект во Лондон, панорамската соба, сместена на врвот на „Шард“, ги отвори вратите на 1 февруари, овозможувајќи им на посетителите да уживаат во погледот над британската престолнина од 243 метри висина.
Кулата има 72 ката и 309 метри висина. Тоа ја прави највисока зграда во Лондон и во ЕУ.
Шард е единственото здание во Лондон од кое може да се види панорамата на цел Лондон во сите правци. За нејзина изградба биле потребни 11.000 стаклени плочи, кои можат да прекријат површина од осум фудбалски терени. Кулата е отворена за посетители секој ден од 9 до 22 часот, па заинтересираните можат да уживаат во погледот од горе и преку ден и навечер.
Во зградата има 43 лифтови кои ги носат посетителите до „покривот на Лондон“. Највисоката точка на Шард го надвиснува прочуеното Лондонско око дури за 135 метри.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=MXctjoGP58o