Што се тоа триглицериди?
Триглицеридите се вид липиди, односно масти. Поточно, триглицеридите претставуваат ланец на масни киселини кои осигуруваат голем дел од енергијата потребна за нормално функционирање на клетките. Луѓето со покачено ниво на триглицериди имаат зголемен ризик од кардиоваскуларни болести. Анти триглицериди се супстанции кои ни служат за намалување на маснотиите во организмот и чистење на истиот после обилен оброк.
Состојки:
400 гр целер (корен)
1 кг лимон
2 л вода
Подготовка: Прво исцедете сок од лимон. Целерот се ренда и се додава во водата со корите од лимонот. Се вари 20 минути и се остава да се олади (преку ноќ или 6 часа). Процедете и додадете го сокот од лимон. Исипете ја течноста во стаклено шише и пијте по 1 дл пред јадење три пати на ден. Може да се разреди со минерална вода (1 дл лимон-целер и 1 дл вода). Се чува на темно и ладно.