
Џулија Мерфилд (21) најверојатно ќе биде осудена на доживотен затвор бидејќи се обидела да нарача убиство за својот сопруг за потоа да го добие неговото животно осигурување од 400 000 долари. Џулија е мајка на две деца и живее во Мичиген.
Од парите кои сметала дека ќе ги добие, 50 000 понудила на платениот убиец, односно на полициски агент во цивил, а тој пак го снимил целиот договор кој пред судот е искористен како главен доказ против неа.
Во еден момент Џулија на наводниот убиец му објаснува дека веќе подолго време размислува да го убие сопругот, бидејќи така и е полесно отколку да се разведе, бидејќи во тој случај не би морала да се грижи дали нејзиното семејство ќе ја осудува, дали ќе му го скрши срцето и сл.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=Ix-hNxr9yp4