Народен лек против перут

popara22 август, 20131min00
4

Сите препарати кои постојат на пазарот сте ги пробале, но ништо не помага – вашата кожа е и понатаму полна со упорниот, ситен, бел пертут.

Доколку веќе ви досади бојата на гардеробата да ја бирате според бојата на перутот, тогаш овој народен лек е наменет токму за вас.

Потребни состојки:

-10мл (две кафени лажици) екстракт од мајчина душица

-10мл (две кафени лажици) екстракт од рузмарин

-1/2 чаши дестилирана вода

-1/2 чаши јаболков оцет

Сите состојки ставете ги во стерилизиран стаклен сад и добро протресете. Загрејте ја рерната на 250 степени и ставете го садот внатре додека водата не испари.

Смесата користете ја наместо шампон, така што добро ќе ја втриете во темето. Не заборавајте да ставите од шампонот и пред да одите на спиење. Не се грижете за тоа како вашата коса ќе изгледа следното утро бидејќи оцетот ќе и даде сјај, а екстрактот од билките ќе и обезбедат убав, пријатен мирис.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma