
Бојан Јовановски заминува во изолација поради подготовките за реализација на “Мистик проектот“ кој опфаќа и реално шоу каде тој пред камери дефинитивно ќе го менува полот.
Боки решил да направи нешто големо, после што ќе почнат да паѓаат маски и што ќе ги сруши сите табуа. Промо видеото кое е објавено е само најава за дел од содржината, а најшокантен ќе биде делот кога тој ќе го смени полот, за што е предвиден и документарен филм. Станува збор за еден од посериозните светски проекти од висока продукција.
До Нова година би требало се да биде готово и спремно за емитување во повеќето балкански земји и Турција.
“Едвај чекам проектот да почне, кој е осмислен да трае неколку години. Сигурно после тоа сите оние кои ликот на Боки не го сваќаа сериозно, ќе видат дека не се во право“, рекол шоуменот за српскиот Курир.
