Науката откри поради што најмногу се дебелееме!

popara4 јули, 20131min00
8

Мислевте дека најмногу килограми добиваме кога сме тажни и депресивни? Размислете уште еднаш.

Обично тврдиме дека најмногу се дебелееме кога сме несреќни, под стрес или кога ни е досадно. Но најновите истражувања покажаа дека во тоа нема голема вистина.

Причината поради која често посегнуваме по чипс, чоколади и други слични намирници е среќата. Како што се вели во резултатите од истражувањето дури 75% од луѓето спаѓаат во оваа група чие расположение влијае на исхраната. Па така, повеќе калории внесуваме кога сме среќни, а помалку кога сме тажни.

Кога сме среќни не размислуваме за она што не смееме да го јадеме, туку уживаме во моментот и нашата самодоверба е на завидно ниво.

Затоа пред да почнете да кукате поради вишокот килограми, сетете се дека можеби тоа и не е така лоша состојба.