Неандерталците исчезнале бидејќи хомо сапиенс ги изеле!

popara5 јули, 20131min00
5

Науката е на пат да признае дека исчезнувањето на неандерталците се случило бидејќи хомо сапиенс ги изеле нивните претставници. Неандерталците живееле на територијата на Европа пред околу 300 000 години. Тие преживеале неколку ледени епохи после што исчезнале во истото време кога нашите предци дошле на нивна територија од Африка.

Досега една од основните теории беше дека неандерталците ја изгубиле битката со хомо сапиенсот зошто мозокот на вторите бил многу поразвиен и тие имале поусовршени орудија за набавување на оскудните ресурси храна. На тој начин претставниците на хомо сапиенс ги отстраниле своите послабо развиени роднини во еволуциската трка.

Првиот доказ за канибализам бил откриен во 2009 година во Франција. Антрополозите откриле вилица од неандерталец со исекотини оставени од човечки орудија. Истите траги биле оставени и најдени врз остатоците од елени и други животни изедени од пештерскиот човек. Според антрополозите луѓето конзумирале неандерталско месо, а од нивните заби правеле гердани.

Најверојатно неандерталците биле подложени на насилно истребување од страна на хомо сапиенсот и им послужиле како вкусна храна. Години по ред научниците не сакале да поверуваат дека тоа е возможно. Но веќе има доволно факти и е време јавно да се признае горчливата вистина за нашиот генетски канибализам.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *