Нема да се покаете: Највкусното лепче со лук и магдонос

2 декември, 20131
16

Состојки:

500 гр бело брашно

1 пакетче квасец (околу 10 гр)

300 мл вода

Главица лук

Помал врзоп свеж магдонос

10 гр сол

1 лажица маслиново масло

Едноставно направете тесто од брашно, квасец и вода и дозволете да го дуплира волуменот. Во меѓувреме се вари во вода лукот околу 10 до 15 минути, додека не омекне.

Ситно исецканиот магдонос додадете го во садот со лукот. Додадете и лажица маслиново масло и добро испасирајте. Мешавината од лук, магдонос и сол се додава во тестото и се меша додека равномерно не се распореди низ целото тесто.

Оставете тестото да отстои 2 до 3 часа, промесувајќи го секој час. Се обликува по желба и се остава уште еднаш да нарасне пред печење. Се пече на 220 степени од 25 до 30 минути.

One comment

  • Ѕверот

    9 декември, 2013 at 11:07

    Советот ви е одличен. Нешто послаби сте во изразувањето: зошто велите дека нема да се покаеме… кога – напротив – ќе се израдуваме… и зошто велите лепЧе… кога од половина кг брашно може да се направи леб!?!
    Утеха може да ви биде што не се расфрлате со тоа деминутивите како Алачка, па не спомнувате лукче, водичка, зејтинче, магдоносче…
    А, бре, македоЧе… кафенце не оди со лепче…

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *