Немате среќа во љубовта? Еве зошто…

popara4 април, 20131min00
16

Ако секоја ваша романса досега завршила неславно, а Вам и ден денес не ви е јасно зашто… епа време е да ги преиспитате вашите навики и однесување. Можеби сметате дека тврдоглавоста и компетитивноста се вашите предности, меѓутоа тешко дека некој од вашите бивши партнери го делат истото мислење.

 

Компетитивност

Компетитивноста е еден од најчестите убијци на врските ( не се мисли на вашата желба да победите во партија карти или јамб ) туку на ставот да се биде победник во врската. Луѓето кои врската ја доживуваат како натпревар за престиж, секогаш бараат одредена емоционална превласт над партнерот. Знак кој ќе ви каже дека се наоѓате во врска во која има емоционален натпревар е моментот во кој не можете да му доверите некоја информација на вашиот партнер бидејќи се плашите тој да не ја искористи против вас.

 

Недостаток на доверба

За здрава врска потребно е да имате доверба во вашиот партнер. Имено, треба да верувате дека партнерот нема да ве изневери и повреди. Стравот и недовербата ја носат врската во пропаст. Штом нема доверба на ова подрачје лесно може да се сретнете со љубомората која е најголемиот убиец на вашите врски.

 

Не разговарате

Бројни се причините поради кои многу од паровите ги преќутуваат нештата кои ги мачат, а се поврзани со самата врска. Најчесто тоа е така поради стравот од прекинување на врската или голема караница. Треба да се има на ум дека со времето малите проблеми стануваат големи, а големите проблеми потешко се решаваат.

 

Не слушате

Кога некој ве критикува, природната реакција е одбраната. Меѓутоа треба да знаете дека правите поголема штета доколку некому упаѓате во збор. Освен тоа што на партнерот не му давате прилика да ви каже што всушност мисли, што го мачи и што би сакал да промени со упадите само ја зголемувате напнатоста. Пред да тргнете во против напад, подобро е да го ислушате партнерот до крај, не гледајте на неговото мислење како на критика него како совет од некој кој навистина ве сака.

 

Очекувавте среќа

Можеби очекувавте дека партнерот може да ве направи најсреќната личност на планетата (или можеби вие него ). Меѓутоа поверојатно е дека „црните“ денови ќе бидат побројни. Тоа  е сосема нормално… никој ама баш никој не може да ве направи среќни освен вие самите. Ако сте во убава среќна врска, не значи дека 24 часа дневно, 365 дена во годината треба да имате насмевка од уво до уво. Поважно од тоа е сознанието дека и во најтешките моменти можете да имате човек кој ќе ве ислуша и разбере.