Пораката поставена на главна авенија во Гринборо, Северна Каролина е напишана во стилот на Мастер Кард рекламите и објаснува како Џенифер го открила неверството на нејзиниот сопруг.
На билбордот пишува: “Мајкл – GPSнавигација – 250 долари, Никон камера со зум објектив – 1600 долари, Фаќање на мажот во неверство и откупување рекламен простор на билборд со нашите пари за иднина – Непроценливо – Џенифер.“
Најдолу стои: “Кажи и на Џесика дека ќе се преселиш!“
Оваа реклама сега го успорува сообраќајот, бидејки многумина застануваат да прочитаат.
Што мислите за потегот на изневерената жена?