Неверојатната сила на зборовите и мислите

popara25 септември, 201317min00
1

Сигурно слушате насекаде и често за тоа колку е важно да мислиме позитивно. Сте слушале, затоа што навистина е така.

Зошто? Наједноставно кажано, затоа што ние стануваме она за што мислиме и зборуваме. Силата на зборовите и мислите е огромна, неверојатно огромна и само од нас зависи како ќе ја искористиме…

Кога сме благодарни за она што го имаме и чувствуваме љубов кон другите и светот, ние просперираме.

Психотерапеутот Ивон Освалд исто така зборува за силата на позитивната мисла. Таа советува секогаш да користиме позитивни зборови, дури и кога изразуваме негативни нешта. Например, наместо “нема проблем“, да кажеме “се е во ред“. Логиката за ова е дека на подсвесно ниво ние реагираме на позитивните или негативните зборови кои ќе ги изговориме и така се програмираме себе си да се развиваме во позитивен или негативен правец.

Според неа е важно да се избегнуваат и изрази како “треба“, “би требало“, “морам“, бидејќи тие значат принуда, не стегаат и не стопираат.

Важно е да научиме свесно да употребуваме повеќе високо енергетски зборови и фрази како љубов, успех, среќа, радост, здравје, слобода, сила, забава…Сите тие во нас создаваат позитивен бран.

Знајте дека и негодувањето не води до ништо добро, туку напротив – тоа го спречува нашиот развој. Според многу истражувања долгото негодување и лошо расположение можат да доведат до рак. Единственото што го прават зависта, омразата, гневот и сите останати негативни емоции кон другите, е да се вратат кај нас со уште поголема сила.

Затоа бидете великодушни, секогаш гледајте ја позитивната страна на се што се случува околу вас и издигнете се над негативните емоции… Така ќе си помогнете најмногу себе си за да бидете среќни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag