Во северна Грција, местото каде некогаш се наоѓал античкиот град Аргилос е откриен шопинг центар стар 2700 години.
Всушност откриена е отворена структура долга 40 метри каде се наоѓале дуќани, пекари и апотеки, а во овој конкретен случај се работи за седум различни простории каде археолозите откриле монети, вазни и други предмети кои покажуваат како некогаш луѓето живееле.
Секоја од овие простории биле дуќани за различна роба или услуга, се наоѓале една до друга како што е случај со денешните шопинг центри.
Аргилос во петтиот век пне бил еден од најбогатите градови во тој дел на Грција, а откако Филип Македонски го освоил регионот, депортирани се жителите од Аргилос во Амфиполис. Напуштен, Аргилос со тек на времето, тврдат археолозите, останал замрзнат во времето.