![4 T UMAX Power Look 2000 V1.8 [5] 4 T UMAX Power Look 2000 V1.8 [5]](https://popara.mk/wp-content/uploads/2013/10/109.jpg)
Резултатите се базирани на податоците собрани од над 9000 девојки и млади жени во склоп на истражувањето спроведено во Медицинскиот центар на Харвард и болницата Бригхам.
Новото истражување покажало дека постарите девојки кои редовно јадат путер од кикиритки или лешници, како и други растителни извори на белковини, можат да ги намалат шансите од добивање на рак за цели 50%.
Биле набљудувани прехрамбените навики на девојките од 9 – 15 години во периодот од 1996 до 2001 година. Покасно, од 2005 до 2010 година, истите испитанички одговориле дали после биопсија е дијагностицирана бенигна болест на градите.
Научниците заклучиле дека девојките кои јаделе две порции путер од кикиритки неделно, имале над 50% помали шанси дека до 30-та година ќе развијат некаков карциноген облик на градата, како последица на бенигниот симптом.
Ова истражување докажува дека путерот од кикиритки може да помогне за да се намали ризикот од добивање на рак на градата кај жените – изјавил Греам Колди од Медицинскиот универзитет во Вашингтон.
За максимална заштита тој препорачува девојките два пати седмично задолжително да конзумираат по 30 грама путер од кикиритки покрај вообичаената исхрана.
Во случај да се алергични на кикиритки, можат да јадат путер од лешници. Ги истражувавме и ефектите на гравот, леќата и сојата – сите останати извори на растителни протеини и масти – покажаа позитивен резултат.
Последниве години се спроведени многу истражувања кои ги поврзуваат животните навики со превенцијата на ракот на градата. Претходното истражување, покажало дека пиењето алкохол во текот на адолесценција може да го зголеми ризикот од добивање рак на градата за цели 20%.
Ова се исто така резултати од некои други истражувања:
Редовното вежбање го намалува ризикот од појава на рак,
Избегнувањето на заситени масти може да го намали ризикот,
Избегнувањето на цигари, особено за жени после менопауза, може да го намали ризикот,
Растителната исхрана ги зголемува шансите за преживување после дијагностициран карцином,
Доењето е поврзано со намален ризик од рак,
Избегнувањето на рафиниран шеќер може да спречи метастазирање во раната фаза на рак на дојката.