Невестата го прегазила младоженецот после венчавката!

popara29 јули, 20131min00
13

Викендов во Сараево се случила крајно необична сообраќајна несреќа во која за среќа освен материјална штета немало човечки жртви.

Најбизарно е тоа што учесниците во оваа сообраќајна несреќа биле невестата и зетот. После свадбената прослава секој од нив со својот автомобил се упатиле кон својот дом за да ги земат куферите за свадбеното патување. Но на патот кон дома се појавил трет учесник во сообраќајот кој всушност ја предизвикал несреќата и побегнал од местото на настанот.

Тој според полицискиот извештај не го испочитувал правилото за првенство на минување, па затоа невестата која возела веднаш зад младоженецот не успеала на време да закочи па удрила во неговото ауди. Одличен почеток на бракот нели?

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma