Никој не може да те повреди ако ти не му дозволиш!

popara29 јануари, 20131min00
i believe
Светот е суров, безумно суров. Луѓето се сурови, неблагодарни и злобни…и тоа е лошата страна на монетата што секогаш ќе ја има. И колку и да веруваме во доброто на луѓето (а ние веруваме затоа што сепак го има) секогаш ќе има и такви, кои во слабоста ќе се обидуваат да ја истурат својата злоба врз тебе…

Прашањето е дали ти ќе им дозволиш да те повредат или не! Зошто ако се сакаш и се прифаќаш себе си, тоа едноставно нема како да се случи. Нема, бидејќи ќе знаеш дека идеални луѓе не постојат. И ти не си идеален, но го прифаќаш тоа. А злобата на другите? Таа си е нивни проблем…

И во овој ред на мисли сакаме да споделиме со вас една историја…

„Во Токио живеел еден голем самурај кој бил веќе возрасен и се повлекол за да воспитува млади ученици. Но и покрај возраста се ширеле гласини дека тој е непобедлив.

Еден ден, еден воин познат по апсолутното отсуство на скруполи дошол кај него. Воинот бил познат по користењето на техниките на провокација: чекал противникот да го направи првиот чекор, извлекувал полза од направената грешка и веднаш напаѓал. Младиот и неспокоен воин никогаш не изгубил битка. Знаејќи ја репутацијата на самурајот отишол со цел да го победи и да се прослави.

Сите ученици протестирале против идејата, но старецот го прифатил предизвикот…

Сите излегле на плоштадот и младиот воин почнал да го навредува стариот учител. Фрлил неколку камења по него, го плукнал во лицето, навредувајќи го него и неговите предци…направил се со цел да го испровоцира, но старецот бил воздржан.

Изморен и понижен младиот воин бил принуден да се повлече. Вознемирени од фактот дека нивниот учител не би требало да трпи толку навреди учениците го прашале:

–          Како можевте да го поднесете тоа? Зошто не влеговте во двобој, па макар и да ја изгубевте битката, наместо со вашите постапки да ни ја покажете својата слабост и страв?

–          Ако некој дојде со подарок кај тебе и ти не го прифатиш, чиј е подарокот?

–          На оној што го донесол – одговорил еден од учениците.

–          Па, истото важи и за зависта, гневот и навредите – рекол учителот

Ако не ги прифатиш, продолжуваат да припаѓаат на оној кој ги носи со себе“. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma