
Главниот видео бим не работел, поради што пејачката многу се изнервирала и затоа повеќекратно се извинувала на публиката, а потоа одлучила дека во недела бесплатно да го повтори концертот.
Нејзините проблеми почнале и пред да излезе на сцена, а потоа продолжиле и во текот на концертот – озвучувањето било лошо, главниот видео бим не работел, а кога на сцена се појавил Саша Матиќ микрофонот не функционирал, поради што двајцата пееле на нејзиниот.
Како што тврдат организаторите на концертот, опремата била технички исправна и дека луѓето од тимот на Јелена Карлеуша не знаеле да ја користат.
Настанот кој Карлеуша со месеци го најавуваше, каснеше и поради проблеми на влезот. Имало само еден влез што создало огромна гужва па поради тоа многумина и се вратиле од Ушче пред концертот да почне.
На Ушче имало околу 10 000 луѓе. После час и пол доцнење концертот почнал.
“Два месеци го подготвував видео материјалот за вас, кој сега нема да можете да ги видите поради технички проблеми. Многу ни е жал“, изјавила пејачката видно нервозна и разочарана.
















