Нова апликација: Отклучете ја вратата со својот мобилен

popara7 август, 20131min00
16

Телефон, паричник и клучеви се оние работи кои секогаш ги проверуваме пред да излеземе. Но со помош на апликацијата од компанијата “Квиксет“ ќе заборавите на клучевите бидејќи со помош на вашиот телефон ќе можете да ја отклучувате и заклучувате вратата на вашиот дом.

Телефонот ќе ви служи како картица со која само треба да ја допрете бравата која ќе го препознае вашиот уред и ќе ја отклучи вратата. Кога корисникот ќе се приближи на веќе регистрираната локација како што се домот или работното место, доволно е со прст да се допре бравата и телефонот ќе ја отклучи вратата. Не е потребно ни да го вадите телефонот од џеб или ташна.

Цената на пакетот изнесува 170 евра, а вклучува брава и два клуча во случај ако ви се потроши батеријата на телефонот или ако го изгубите.  Актуелниот модел е компатибилен само со Ајфон, но се работи и на верзиите за Андроид и Блекбери.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma