Нова граница: Клониран човечки ембрион

popara17 мај, 20131min00
10

Портланд – Биолозите стигнаа на чекор до клонирањето луѓе. Научниците направиле за прв пат клониран човечки ембрион користејќи клетки од кожата. Во иднина така создадените ембриони би можеле да се користат како извор за матични клетки, за персонализирано лечење на најтешките болести.

Тимот биолози во процесот на клонирање ја користеле истата техника со чија помош е направена овцата Доли во 1996 година.

Важно е тоа што при спроведувањето на експериментот не бил користен оплоден ембрион, што е предмет на бројни етички расправи. Малку е веројатно дека овој клон би можел да се развие во човечко суштество, велат биолозите од САД и Тајланд.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *