
Америка во Јужна Кореја освен бомбардерите Б52 и Б2 кои се таму од минатата недела, вчера испрати и така наречени невидливи авиони Ф22 поради зголемената опасност од Северна Кореја. Сеул најави остра акција и превентивен удар врз нуклеарните и ракетни бази во Северна Кореја во случај на било каква провокација од страна на Пјонгјанг. Поради сето тоа светот е загрижен од повторување на Корејската војна (1950-1953), а се веруваше дека сличен конфликт нема да се повтори.
Предупредувањето од Јужна Кореја е изречено дента кога лидерот на комунистичката земја Ким Џонг Ун вети дека во уставот ќе се внесе право на Пјонгјанг за нулееарен напад и прогласи војна со југот.
И за да биде ситуацијата уште посериозна сведочи фактот што САД од своите бази во Окинава и Јапонија испрати бомбардери Ф22 во најголемата јужнокорејска база во Осана. Со тоа Америка сака јасно да ја покаже својата готовност за заштита на Јужна Кореја доколку Северна Кореја нападне.

