Нови мобилни производи на Интел, иницијатива за поедноставување и поттикнување на иновативноста

popara13 септември, 20131min00
5

ПРЕГЛЕД НА НОВОСТИТЕ

  • Интел промовираше линија 22 нанометарски, повеќејадрени системи на чип за таблети, уреди 2 во 1 и други уреди со поддршка за оперативните системи Android и Windows.
  • Објавена е достапноста на четвртата генерација Интел кор vPro процесори за деловно користење со подобрувања со раководењето, хардверска безбедност, зголемена продуктивност и можности за соработка.
  • Претставени се „Chromebooks“ со Интел процесори базирани на микроархитектурата Хашвел; истакнати се нови алатки и оптимизирана работата за Android и Windows 8.1.
  • Се испорачува новото мултимодално 4G LTE решение; се објавуваат плановите за новата генерација LTE модеми.
  • Истакната е 14 нанометарската технологија за 2 во 1 и други дизајни за уреди без кулери.

 

Развивачки форум на Интел, Сан Франциско, 11 септември 2013 година – Раководителите на Интел го објавија планот да испорачаат нови хардверски и софтверски мобилни технологии и ги известија илјадниците развивачи и предводници во индустријата кои го посетија настанот дека

напредокот на Интел ќе помогне во надминувањето на пречките околу комплексноста, новите можности кај иноваиите, соработката и брзината за појавување на пазарот.

Една од најавите беше новата линијаа 22 нанометарски, повеќејадрени системи на чип за таблети, 2 во 1 и сé во едно уреди, десктоп компјутери и други уреди; потоа нови „Chromebooks“ базирани на Хашвел микроархитектура и достапноста на четвртата генерација Интел кор vPro процесори за деловни корисници. Во своите говори детали објавија Даг Фишер, потпретседател и генерален директор на групацијата за софтвер и услуги; Херман Еул, потпретседател и генерален директор на групацијата за мобилни и комуникации; и Кирк Скауген, постар потпретседател и генерален директор на групацијата за компјутерски клиенти.

Останатите најави се однесуваа на новите можности кои се додадени на платформата на Интел за клауд услуги кои ги задоволуваат потребите на претпријатијата кои растат, како и на провајдерите, заедно до нови софтверски алатки за повеќе оперативни средини, меѓу кои и Android, Chrome и Windows.

„Мобилноста станува полична и персонализирана, затоа Интел работи на нови услуги, искуства за корисниците и дизајни за поголем избор на потошувачите, ИТ менаџерите и деловните корисници,“ изјави Фишер. „Нашата стратегија е да се увериме дека архитектурите на Интел ги нудат најдобрите искуства кај сите уреди и оперативни средини.“

Даг Фишер, потпретседател и генерален директор на групацијата за софтвер и услуги

Фишер ги прикажа растечките деловни можности низ многубројни екосистеми бидејќи корисниците бараат доследност во искуствата на сите свои уреди. Најави серија на софтверски алатки, технологии и иницијативи што ќе им помогнат на развивачите да создадат искуства кои ќе се пренесуваат на сите платформи.

Фишер ја посочи како пример новата софтверска алатка XDK која е дел од HTML5 развивачката средина и им помага на развивачите да создадат HTML5 апликации кои можат да се создадат еднаш и да функционираат на повеќе уреди и оперативни средини одедаш.

Фишер исто така ја претстави новата линија „Chromebooks“ базирани на Хашвел микроархитектура, вклучувајќи водечки дизајн од HP, системи од Acer, ASUS и Toshiba. Ова е само уште еден пример за уникатната стратегија на Интел да поддржува повеќе оперативни средини кои најдобро функционираат со Интел архитектура, и со тоа им нудат поголем избор на корисниците.

Фишер го покани на бината сениор потпретседателот на Гугл, Сундар Пичаи, и ја истакна посветеноста на Интел да го овозможи најдоброто гугл искуство со архитектурите на Интел со Андроид оперативен систем и Chromebooks. Покрај Гугл, Интел има голем придонес кај Андроид и работи на оптимизација на своите архитектури.

Фишер беше придружуван и од Гонзаг Валоис, сениор потпретседател за издаваштво во Гејмлофт (Gameloft), кој изјави дека компанијата оптимизира голем дел од своето портфолио за Андроид и Интел архитектура.

Фишер исто така изјави дека Интел овозможува 64-битна јадрена поддршка за Андроид, што им обезбедува на развивачите 4 гигабајти системска меморија што понатаму обезбедува подобар перформанс на апликациите, како и нови мемориски конфигурации за корисниците и го пробиваат патот за ултра HD видеа на мобилни апарати.

Сé повеќе мобилни уреди се приклучуваат на интернет и расте потребата за апликации и сервери кои нудат богато корисничко искуство. Клауд услугите на Интел нудат можности за создавање апликации и игри наменети за деловни и обични корисници. Фишер прикажа како овие можност може да им помогнат на развивачките да создадат апликации за секакви платформи користејќи API и клауд услуги. Прикажа B2B клауд услуга која ги користи новите XDK и API услуги на новостекнатите компании Aepona и Mashery и платформата за клауд услуги на Интел.

Фишер го заврши своето обраќање истакнувајќи ја Развивачката зона на Интел (Intel Developer Zone,IDZ), која е од голема важност за развивачите каде се добиваат Интел софтверски алатки за максимално зголемување на нивните напори низ многу платформи, оперативни системи и HTML5.

Херман Еул, потпретседател и генерален директор на групацијата за мобилни и комуникации

Истакнувајќи дека технологијата станува сé полична и поприсутна, Еул говореше за зголемените очекувања за персонализацијата и перформансот на мобилните уреди. Зборуваше како компанијата го искористува широкиот спектар на можности кои ги нудат дизајнот, архитектурата, водечката проводничка технологија и производство за да се добијат најдобрите можни производи со Интел во нив.

Еул ја опиша микроархитектурата Силвермонт како „неверојатно достигнување во инженерството.“ Додаде дека создавањето на висококвалитетни системи на чип започнува со цврсто јадро, и со помош на Силвермонт Интел испорачува ефикасни јадра кои лесно скалираат нагоре-надолу во перфромансот и моќноста за да ги задоволат најразличните потреби на пазарот.

Еул најави линија повеќејадрени системи на чип за таблети, 2 во 1 и други уреди кои се очекува да се појават на пазарот во последниот квартал од оваа година од водечки производители како Acer, ASUS, Dell, Lenovo и Toshiba. Интел Атом Z3000 процесорите се првите четиријадрени системи на чип и најмоќната понуда за таблети и тенки мобилни дизајни досега. Системот постигнува баланс помеѓу перформансот, долготрајноста на батеријата до 10 часа активно работење и три недели во стендбај, како и богати можности за секогаш поврзано мобилно искуство. Најновите системи на чип нудат флексибилност преку една хардверска конфигурација која поддржува Windows 8 и Андроид, овозможувајќи различни цени за да се задоволат сечии потреби.

Тој ја истакна и важноста на безжичната поврзаност бидејќи 4G мрежите, мултимедијалните апликации и „паметни“ уреди ја зголемуваат потребата за напредок во комуникациската технологија. Изјави дека се испорачува модемот Intel Xmm 7160. Овој LTE модем е едно од најмалите и решение со најниска потошувачка кое нуди LTE роаминг во една единица.

За во иднина, Еул изјави дека наредната генерација на овој модем е закажана за 2014 година и ќе понуди поддршка за „агрегација на носителите“, поголеми брзини и TD-LTE. Исто така ја истакна платформата Мерифилд за смарт-телефони и таблети. Таа ќе овозможи подобрување на перформансот за 50 отсто и подолготрајна батерија за разлика од сегашната генерација „Кловер трејл +“ и ќе понуди контекстуализација и персонализирани услуги преку сензори, како и зголемена заштита на податоците и уредот.

Кирк Скауген, сениор потпретседател и генерален директор на групацијата за компјутерски клиенти

Скауген изјави дека личното процесирање се менува од корен со помош на уредите 2 во 1, се нуди поголем избор на оперативни системи и кориснички искуства. Со новата категорија производи 2 во 1, потрошувачите ги уживаат придобивките на моќноста на компјутерите и мобилноста на таблетите.

Ултрабук уредите се главен двигател на иновацијата во компјутерската индустрија, поттикнувајќи потенки дизајни со можности за работа на допир. Во денешно време може да се купи лаптоп кој работи на допир за помалку од 450 долари. Со претставувањето на новите Пентиум и Целерон процесори, досега познати под името „Беј трејл М и Д“, тој изјави дека очекува цените за уредите 2 во 1 да се спуштат до 349 долари во текот на годината. Скауген изјави и дека чиповите ќе се најдат на лаптопи со достапни цени, десктоп компјутери и други уреди. Скауген ја покани Тами Релер, извршен потпретседаел на Микрософт, да зборува за тоа како двете компании соработуваат на подобрување на мобилните искуства и притоа задржувајќи целосна компатибилност. На кратко им прикажаа некои од карактеристиките за Windows 8.1.

Скауген ја најави четвртата генерација Интел кор vPro процесори за деловно процесирање. Интел ги согледува потребите на деловните корисници на кои им е потребна флексибилност и соработка со ИТ менаџерите на кои им е доверено одржување на уредите и внимавање на трошоците. Новата линија процесори нуди полесно раководење, хардверска безбедност, подобрена продуктивност и соработка, и сето тоа во различни процесирачки уреди како таблети, 2 во 1, Ултрабук, лаптопи и десктоп компјутери.

„Динамиката на процесирањето за деловни потреби значително се промени во последните години и Интел ги испорачува најразновидните деловни решенија досега,“ изјави Скауген. „Четвртата генерација Интел кор vPro процесори има карактерискики кои им се потребни на работниците, но и на ИТ менаџерите; вградена безбедност, лесна автоматизација, нови модели кои се флексибилни и безбедни во исто време. Содржат и хардверски карактеристики кои се наменети за зголемување на деловната продуктивност.“

Марио Муелер, потпретседател на ИТ инфраструктура во БМВ му се придружи на Скауген на бината и изјави дека производителот на автомобили инвестира во системи базирани на vPro процесорите бидејќи ја препознаваат вредноста која оваа платформа ја нуди од гледна точка на безбедност и продуктивност.

За во иднина, Скауген изјави дека Интел ќе ги помести границите со претстојната 14 нанометарска платформа „Бродвел“ која се очекува да се појави во 2014 година.

Скауген ги објави и деталите за напредокот кој се постигнува во перцептивното процесирање. Ја сподели со присутните достапноста на „Creative Senz3D Interactive Gesture Camera“ која има мултидимензионално играње, видео конференции и гласовна контрола и може да се купи на веб страницата: Creative.com, а насокоро и од Dell, Amazon, Newegg у TigerDirect. Скауген го заврши обраќањето со прикажување на референтните дизајни за првите десктоп и лаптоп компјутери со интерагтивна гестовна камера и изјави дека истата ќе биде вградена во идните производи на ASUS, Dell, HP и Lenovo во 2014 година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma