Ако го гледавте првиот меч на Новак Ѓоковиќ на US Open каде го совлада литванецот Рикардо Беранкис веројатно забележавте дека тенисерот сменил нешто на себе.
Можеби најдобро се забележува разликата ако направиме споредба со фотографијата од турнирот во Абу Даби од декември 2012 година.
Дали станува збор за некој нов моден тренд или недостаток на време за да си ја среди фризурата не знаеме, но очигледно е дека пуштил коса и ја тера на страна.