Контоверзната пејачка Бритни Спирс повторно ја освојува поп сцената, а после најавениот сингл, својата верна публика ќе ја почасти со високо буџетен спот кој, како што забележуваат странските медиуми неодоливо потсетува на спотот на Спајс Грлс за песната “Say you’ll be there“.
Спотот за новата песна на Бритни е снимен во пустина, со провокативен стајлинг, со луксузни автомобили, но американските медиуми видеото го нарекуваат копија на спотот на Спајс Грлс од далечната 1996 година.