Обама и Путин ја решаваат судбината на Сноуден!

popara13 јули, 20131min00
15

Американскиот претседател Обама разговарал вчера со рускиот лидер Владимир Путин, бидејќи претходно Белата куќа ја предупреди Москва да не дава азил на бившиот соработник на ЦИА, Едвард Сноуден.

До разговорот помеѓу двајцата лидери се стигнало откако во петокот Сноуден јавно побара азил во Русија.  Американците и претходно ја предупредија Москва дека давањето на азил за Сноуден ќе предизвика овој случај да ги влоши односите со САД.

“Ќе ја потсетиме руската влада да дозволи организациите за човекови права да работат во цела Русија, а не само во транзитниот центар на московскиот аеродром“, рекол потпаролот на Белата куќа, Џеј Карни, алудирајќи на вчерашниот состанок на хуманитарните активисти и Сноуден на аеродромот во Москва.

Сличен став изнесе и потпаролката на Стејт департментот Џен Псаки, велејќи дека се неточни шпекулациите дека состанокот бил искористен со цел американската влада преку претставници на невладини организации да испрати порака за Сноуден.

Edvard Snouden

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma