Обликот на градите најдобро покажува каква си во сексот!

popara18 јуни, 20131min00
5

Обликот и големината на градите зборува многу за личноста на дамата која ги “носи“ како и за нејзините сексуални афинитети, тврди еден италијански сексолог.

Сексологот Пијеро Лоренцони различните видови женски гради ги поделил според обликот на овошјето. Тој смета дека овие 6 категории можат да им помогнат на мажите според деколтето полесно да проценат дали некоја дама е вистинската за нив.

Забавувајте се и проверете колку има вистина во неговата теорија!

Диња

Жените со големи, округли гради како лубеница или диња луѓето често ги доживуваат како мајчински типови. Меѓутоа предупредува Лоренцони, тоа не може да биде подалеку од вистината. Сопственичките на вакви гради се хедонисти во поглед на храната, сакаат мажите да ги разгалуваат и да им се восхитуваат. За жал самиот сексуален чин не го сакаат толку.

Лимони

Мажите кои сакаат енергична и жива партнерка би требало да изберат жена со подигнати и испапчени гради кои наликуваат на лимон. Тие знаат да уживаат во сексот, полни се со живот и енергија и умеат да прифатат шега на нивна сметка. Сакаат уравнотежен живот без многу изненадувања.

Грејпфрут

Подигнати, а цврсти гради исто така не ветуваат добар секс. Овие жени изгледаат провокативно но во суштина се срамежливи и наивни. Сакаат да го разгалат партнерот но не со секс, бидејќи повеќе сакаат само да се галат.

Портокали

Дури и жените со едри гради налик на сочни и примамливи портокали нема да знаат како да разбудат страст во кревет. Самоуверена е и ги знае своите цели, но сексот не ја интересира особено. Повеќе е заинтересирана за разговор и партнерство.

Цреши

Жените со мали гради кои наликуваат на цреши се забавни, мошне возбудливи и интелигентни. Совршени се како партнерки, како за секојдневен рутински живот, така и за страсни непреспиени ноќи. Својот авантуристички дух го внесуваат и во спалната соба.

Круши

Сопственичките на гради со неодредена форма и со големина на круша ја сакаат љубовта во сите нејзини облици. Понекогаш е многу недоследна, па истовремено може да биде и мошне религиозна и склона кон неверство.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma