Експертите прогнозираат дека Европа оваа година ќе биде соочена со една од најстудените зими.
Германскиот експерт Доминик Јунг изјавува дека уште сега чувствува студ, само од гледање на метеоролошките карти и модели. Истакнува дека можеби ќе бидеме соочени со најстудената зима во последниве 100 години.
Јунг тврди дека јануар и фебруар ќе бидат обележани со многу ниски температури и дека може да се очекува затоплување дури во април. Како причина за оваа прогноза тој ги наведува арктичките струи кои навлегуваат во Европа, а покрај тоа и намалена активност на Сонцето.