Глен Гринвал, новинар за британскиот “Guardian” кој прв ги објави доверливите документи на Сноуден, изјави дека во следните 10 дена планира да објави уште многу нови документи за тајните шпиунски програми на САД. Тој изјави дека објавените документи ќе бидат поврзани со Јужна Америка. “Тоа што досега е објавени е само мал дел од тоа што планираме да го доставиме до јавноста. Сигурни сме дека ќе се појават уште многу откритија поврзани со шпиунирањето од страна на американската влада, вклучувајќи го и пресретнувањето на комуникациите во Бразил и Јужна Америка”, изјави новинарот за “Reuters”. Тој, исто така изјави дека запослис голем број експерти кои ќе читаат и анализираат “15.000 до 20.000” доверливи документи испратени од Сноуден.
Владите не се борат за нивната слобода
Гринвалд додаде дека тој константно комуницира со Сноуден. Американскиот бегалец од минатата недела е во Русија, која му го одобри 1-годишниот азил. Според Гринвалд, поранешниот разузнавач е среќен што започнал глобална дебата околу потребата за заштита на интернет приватноста, но додава дека државните власти не се трудат доволно за да ја заштитат нивната автономија. “Властите се многу поостри на своите појавувања пред јавноста, отколку на приватните разговори со САД. Сите власти се однесуваат на истиот начин, дури и Европа.”