Ѕвездениот пар Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт за кои последнава година во неколку наврати се шпекулираше дека се заедно па дека раскинале, се појавија заедно на црвениот тепих на премиерата на новата лента “Параноја“, пред некој ден.
Ова е прво јавно појавување на холивудскиот пар од зимата.Се верија пред околу година дена, но доста време се зборуваше дека се во лоши односи и дека врската нема да успее. Многу луѓе и нивни фанови ги критикуваа што решиле да стапат во брак толку млади. 20 годишната Мајли гордо го носеше својот веренички прстен…