Сакураџима, еден од најактивните вулкани во светот, го покри градот Кагошима во јужна Јапонија со пепел и испуштиу рекорден облак висок 5 километри. Облакот е највисокиот забележан од 2006 година, кога метеоролозите започнаа да чуваат податоци на вулканот и чадот испуштен од вулканот за време на ерупцијата.
Ерупцијата, која се случи во неделата, е најголема во Сакураџима во последните неколку декади, но е 500-тата забележена оваа година, напиша “Wired.com”.
Лавата течеше 1 километар од вулканот, но немаше повреди или материјална штета. Луѓето кои живеат во Кагошима, град од 600,000 луѓе на 10 километри од вулканот, носеа маски, мантили и чадори за да се заштитат од отровната пепел и чад.
Вулканската пепел може да предизвика сериозни проблеми со дишењето и видот. Минералите во пепелта исто така може да предизвикаат фатални болести на белите дробови.
Сепак, локалните службеници не се премногу загрижени од ерупцијата.
“Чадот беше малку драматичен, но ние сме веќе навикнати”, изјави службеник кој сакаше да остане анонимен.