Она што го обелодени Сноуден е само дел од “големата тајна“!

popara16 јули, 20131min00
3

Бившиот службеник на ЦИА Едвард Сноуден располага со мошне осетлива документација за структурата и начинот на работа на ЦИА, што би можело да нанесе огромна штета на американската влада, но инсистирал таа информација да не биде објавена, рекол Глен Гринвалд, новинарот од Гардијан и човекот кој прв напиша за шпиунажата на ЦИА.

Обелоденувањето на информациите кои се содржат во тие документи би овозможиле на оној што ги чита точно да знае како ЦИА го прави она што го прави и од друга страна би му овозможило да го избегне тој надзор од страна на агенцијата.

Според неговите зборови буквално илјадници документи до кои Сноуден дошол претставуваат во суштина прирачник за тоа како ЦИА е изградена и како функционира во детаљи.

Запрашан дали е Сноуден загрижен за сопствената безбедност, Гринвалд одговорил потврдно, но и додал дека Сноуден и понатака е смирен без грам грижа на совеста или каење.

Тој пред неколку дена изјави дека е согласен да го задоволи условот поставен од Путин да престане со објавување на американските тајни ако тоа значи дека Русија ќе му одобри азил додека не отпатува во Латинска Америка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *