Огромните, необично подредени спроти ветрот, гранитни карпи, кои го одликуваат овој најпопуларен меѓу сејшелските острови, се всушност врвовите на некогашниот голем континент Гондвана, потопен пред милион години некаде на средината помеѓу Африка и Индија. Едноставноста и мрзливиот мир го опишуваат животот на 2000-те гостољубиви жители на Ла Диг.