Особено полезно: Факти за лукот кои сигурно не сте ги знаеле

popara22 октомври, 201317min00
6

Речиси сите знаат за здравствените придобивки на лукот, но ова неверојатно растение има уште многу што да понуди…

Собравме ретко познати факти и откритија за лукот кои ќе ви помогнат подобро да го запознаете ова растение и како да го употребите во своја полза.

Свежиот лук, има најдобар ефект врз човековото здравје. Ако не можете да го поднесете неговиот мирис и морате да го сварите, ќе мора да употребите 4-5 чешњиња кои имаат ист ефект како едно свежо чешне.

Непријатниот мирис после конзумација на лук ќе го решите ако испиете сок од лимон или изедете неколку парчиња свеж лимон.

Ако лукот го нанесете на рана, таа многу брзо ќе зарасне. За време на Првата светска војна оваа метода ја користеле британските војници.

Едно истражување направено во универзитетот во Пенсилванија покажало дека состојката наречена диалил дисулфид која ја има во лукот може да ги намали раковите клетки. Друго истражување направено во универзитетот во Вашингтон покажало дека истата супстанција е сто пати помоќна од останатите антибиотици во решавањето на проблемите предизвикани од бактерии.

Која е идеалната количина на лук која ќе се погрижи за вашето здравје? Универзитетот во Мериленд препорачува дневна доза од 2-4 грама свеж лук.

Меѓутоа лукот не е за секого: Треба да го избегнуваат луѓе кои пијат лекови за разредување на крвта и не се конзумира пред операција бидејќи ја згуснува крвта!

Foto: Thinkstock

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag