Освежете го тенот со маска за лице од лубеница

popara28 јули, 20131min00
10

Со над 90% вода но истовремено и витамински коктел составен од витамините од Б групата, витамин А и Ц, лубеницата не само што ја навлажнува кожата, но ќе ја направи поубава, свежа и здрава.

Лубеницата исто така го изедначува и освежува тенот па затоа често ја користат во производство на козметички препарати.

Како се подготвува маската:

Неколку парчиња лубеница се чистат од семките и кората и се пасираат. Додадете и четвртина авокадо и пасирајте повторно. Оставете смесата да се олади во фрижидер и така ладна нанесете ја на лицето, вратот и деколтето. Студената лубеница ќе ја смири кожата, а витамините и маслото од авокадо ќе и ги дадат неопходните хранливи материи.

Пред да ја нанесете маската изложете го лицето на пареа за да се отворат порите со цел хранливите материи да се апсорбираат побрзо и полесно. Се остава да делува 30 минути после што се плакне со млака вода.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma