Освежете ја русата коса без хемиски средства

popara19 април, 20131min00
6

Ова е еден домашен рецепт како да ја освежите русата коса без да треба да ја фарбате. Овој рецепт исто така ќе осветли косата доколку ги почитувате сите следни напбројани правила.

Потребни состојки:

– свеж лимон

– шише со пумпица

– чај од камилица

– цедалка или газа

– многу сонце

Исцедете го лимонот. Процедете го за да не останало случајно по некое парче од лимонот кое може да ви се заплетка подоцна во косата.

Сварете чај од камилица, не многу колку една шоља за кафе. Ставете го чајот и сокот од лимон во шишето со прскалка. Со течноста убаво испрскајте ја косата и изложете ја на сонце. Под дејство на сончевите зраци и лимоновата киселина косата набрзо ќе осветли, а камилицата ќе и даде голем сјај.

Напомена: исчешлајте ја косата веднаш откако ќе ја испрскате. Немојте да го правите тоа подоцна затоа што таа ќе биде скрутена од лимонот, па со чешлањето ќе ја искинете.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma