Откриена големата тајна на Маите

popara24 јули, 20131min00
1

Пронаоѓањето на вулкански пепел во каналите низ населбите на Маите би можело да биде конечниот одговор на прашањето како тој народ преживеал и покрај тоа што бил населен на релативно неплодна земја.

Спектакуларните резултати од новото истражување покажале дека дождови од вулкански пепел паѓале дури и до најодалечените градови на Маите.

Царството на Маите цветало од југот на Мексико, преку Гватемала па се до Белиз од 250 до 900 година кога исчезнало.

Вулканскиот пепел ја оплеменувал почвата и овозможувал подолго време водата да се задржи. Освен тоа е и извор на минерали како железо и магнезиум кои се потребни за растенијата. Според експертите, доволно било ветровите да донесат само неколку милиметри пепел во десет години за да ја направат почвата хранлива.

Сепак научниците ќе мора да одговорат уште на две прашања: Зошто пепелот не ги истребил инсектите и како делувал на создавањето кисели дождови.