Откриена тајната за мистериозниот живот на свингерите

popara9 август, 20131min00
4

Ново реално шоу ќе го прикажува животот на свингерите, од нивното секојдневие, бракови и кариера па до свингерскиот сексуален живот.

Пет парови кои ќе учествуваат во шоуто  “Secret Sex Lives: Swingers”  професионалци се и родители во брак или врска, а живеат во Атланта.

Според истражувањето спроведено од страна на Swinger Social Network, 2-4% од венчаните парови во САД се свингери, што значи околу 2 милиони.

Надвор од нивното хедонистичо хоби свингерските парови се горди на нормалниот и функционален живот кој го водат во заедницата која не го практикува нивниот животен стил.

Многу од нив тврдат дека “свингањето“ им го зајакнало бракот и сметаат дека тука нема место за неверство на еден од партнерите бидејќи сите се добро запознаени со правилата на играта и се согласни.

“Најголема заблуда за свингерите е дека по цели денови и ноќи бараме партнери, или дека сме стриптизети или нешто слично“, изјавува Џејми која иначе е извршен директор во сметководствена фирма која веќе три години “свинга“ со својот сопруг, успешен адвокат.

http://www.youtube.com/watch?v=KuOsK2ONmaI

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag