Откриено езеро на Марс!

popara24 јануари, 20131min00
езеро

Додека роверот „Кјуриозити“ на НАСА го привлекуваше целото внимание во медиумите, другите мисии на НАСА активни на Марс открија нешто што наликува на влажно подземно опкружување на планетата.

Кратерот Мелафлин на Марс

Новата информација доаѓа од орбитерот на Марс, Реконосенс. Овој орбитер ја анализираше површината на Марс од височина. Една од целите беше и почвата на Меклафлин кратерот, со обем од 92 километри и со повеќе од 2,2 километри длабочина.

– Бројни студии покажуваат дека камењата што биле ископани од под површината по ударот на метеорит се појавиле на почетокот на создавањето на Марс, веројатно од хидрометални течности. Овие течности, кои се заробени во потповршината, можно е во одредени периоди да се појавуваат на површината во длабоки басени, како што се кратерот Меклафлин, при што е можно да содржат докази за можна животна средина под површината , вели Џозеф Михалски од Институтот за планетарни истражувања и водечки автор на истражувањето.

– За првпат го правиме ова на друга планета, ќе пробиеме подлабоко во камената почва, и ќе создадеме енергија со која ќе се напојува роверот – вели Ешвин Васавада, проектен научник од НАСА.

– Кога ќе ја анализираме оваа камена прашина, ќе дознаеме во која состојба оваа енергија се задржала во камењата. Дали е влажна? Дали содржи органски компоненти? Под органски мислиме на состојки кои содржат јаглерод. И која била еволуцијата на оваа хемикалија? Еволуцијата на оваа состојба, на влажноста како што очекуваме, била во минатото во времето пред неколку милијарди години – вели Франциско Диего од Одделот за физика и астрономија на Универзитетскиот колеџ Лондон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag