Делото е напишано на непознат јазик и содржи бројни илустрации на непознати растенија, непознати космички и астролошки карти како и слики на голи жени кои се бањаат во мали садови.
И покрај неколкуте обиди до сега книгата да биде дешифрирана, нејзината содржина, значењето на текстот и симболите до денес остануваат мистерија за науката.
Со помош на семантичка анализа на ракописот се докажало дека текстот има структурна логика каква што поседуваат и познатите јазици.
Благодарение на интернет, ракописот е достапен за целата јавност. Некои сеуште остануваат скептични за веродостојноста на книгата, откако многу брилјатни умови останале неми пред ракописот. Како што повеќето од нив тврдат, зад овој ракопис стои приказна која никогаш нема да можеме да ја разбереме.
httpv://www.youtube.com/watch?v=EYOOALvp6-w