Околу 70% од масата на човечкото тело е вода и ништо не би можело да ја замени таа потреба на организмот од течности. Водата е најполезниот извор на влага, но освен неа има и други пијалоци, кои даваат на организмот многу полезни материи. Еве кои се 8-те најдобри!
Зелениот чај – силен антиоксиданс кој го намалува ризикот од појава на рак, остеопороза и срцево садови болести. Добар е за коските и забите, како и за младиот и затегнат изглед на кожата. Помага во борбата со целулитот.
Чај од нане – помага при стомачни растројства, ги олеснува болките, го подобрува варењето на храната и го забрзува метаболизмот, има противоспалителен ефект, ја отстранува болката и напнатоста во мускулите.
Млеко – Благодарение на јаглехидратите од млекото нивото на шеќер во крвта останува стабилно, калциумот од млекото се усвојува добро поради присуството на витамин Д исто така во млекото. Млекото помага на клетките за ефикасно согорување на маснотиите.
Млеко од соја – представува еден вид превенција од срцево садови болести, го намалува нивото на лошиот холестерол и триглицеридите.
Топло чоколадо или какао – го подобруваат расположението и го намалуваат ризикот од појава на низа тешки болести. Во какото се содржат многу полезните полифеноли кои ги штитат клетките од слободните радикали.
Доматен сок без сол – според повеќето анализи штити од појава на повеќето форми на рак. Доматите содржат голема концентрација на ликопен кој е силен агенс против појава на рак во стомачниот тракт., грлото на матката, дебелото црево, црниот дроб, градите и др.
Сок од боровинки – ги штити непцата од многу болести, помага при инфекции, но треба сокот да биде 100% природен без додаден шеќер во него, за да биде здрав.
Сок од портокал – овој сок е прекрасен извор на фолна киселина која е неопходна за правилен раст и развој на плодот додека е во мајчината утроба.