
Оние кои одлучуваат за судбината на светот мораат да се потсетат до што води разорната моќ на нуклеарното оружје кое непрестајно се усовршува и расте. Пораката кон САД и Северна Кореја од името на сите жители на планетата е јасна: Смирете се и најдете мирно решение за проблемите!
Човекот сметан како најинтелигентното суштество на планетата Земја, често со своите непромислени одлуки ја доведува до прашање својата гола егзистенција и постојано ги повторува истите грешки кои потоа ги оправдува со фразата „историјата се повторува“.
Не се повторува историјата – барем не во онаа површна смисла туку се повторува човечката глупост.
Како што веќе знаете последна земја во низата која се обидува да биде атомска сила во светот е Северна Кореја. Меѓутоа не сакаме да ги потсетиме само нив на ситуациите кои никогаш повеќе не би требало да се повторат, на сцените од Хирошима 1945, туку и американците кои се единствените до сега кои ова оружје го употребија и кои сликите пред вас ги создадоа.











